/СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА – средновисока планина што се протега помеѓу котлината Пелагонија на запад и Мариово на исток. Билото има меридијански правец на протегање, а започнува од превојот Скала на север и завршува на југ во долината на Црна Река. Највисок врв во северниот дел е Висока (1.471 м), а во јужниот дел Џаула (1.434 м). Преку превојот Скала, северниот дел на Пелагонија – Прилепско Поле се поврзува со Мариово, а преку превојот Преслап (936 м), Мариово е поврзано со Битолско Поле. Геолошкиот состав е претставен со прекамбриски гнајсеви, микашисти, гранодиорити и кварцити. Ваквиот геолошки состав и сиромашноста со вегетација овозможиле на оваа планина да се одвива интензивен процес на механичко распаѓање на карпите, а тоа овозможило изградба на изразен денудационен релјеф претставен со разновидни форми што се доста интересни и импресивни. Т. Анд. Султанот Селим И

2019-01-05T21:35:58+01:00 0 коментари