СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов

СЕКУЛОСКИ, Апостол Грозданов (с. Облаково, Битолско, 1876 – Прилеп, 27. Ⅷ 1936) – слеп гуслар. Ослепел неколку недели по раѓањето. Како десетгодишно момче, во согласност со неговите родители, во својот дом во Прилеп го прибрал Коле Лауц. По десетина години почнал самостојно да настапува или во тајфи. Во 1896 г. оформил своја тајфа и го прошетал речиси целиот Балкан. Во Прилеп омилено врталиште Секуловски Апостол му било кај Градскиот часовник. Од епските песни омилени му биле „кралските“ песни, а од комитските најмногу ги пеел песните за Димче Могилчето, Спиро Црне, Александар Турунџе и Ѓорѓија Лажот. Жените најчесто му ги порачувале песните за Аврам и Сара, за Константин и Елена. ЛИТ.: Бранислав Руси¢, Прилепски гуслар Апостол, „Прилози проучувању народне поезије“, г. Ⅶ, св. 1-2, Београд, март-новембар 1940; Александар Стерјовски, Македонските слепи гуслари, Скопје, 1999, 168. М. Кит. СЕКУЛОСКИ, Радојко Мирков