СЕИДИ, шабан

СЕИДИ, шабан (с. Блаце, Скопско, 16. Ⅺ 1959) – професор по физичка култура, борач. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1989). Бил член на Боречкиот клуб „Скопје“ во Скопје. Најдобри резултати му се: на шест младински балкански првенства слободен стил (1974–1979) – 4 златни и 1 сребрен медал; на единаесет европски првенства (1975–1987) – сребрен во Познањ (Полска, 1976), златни во Бурса (Турција, 1977) и во Будимпешта (Унгарија, 1983); на светските првенства (1975–1987) – 2 младински и 4 сениорски, сребрени медали во Лас Вегас (САД, 1977), Лозана (швајцарија, 1977) и Скопје (1981); од четири Медитерански игри (1975–1987) – златни медали во Алжир (1975) и Сплит (1979), а од четири настапи на олимписките Сеизмолошката опсерваторија во Скопје игри (1976–1988) – бронзени медали во Москва (СССР, 1980) и во Лос Анџелес (САД, 1984). Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1977, 1980 и 1981) и на Југославија (1977). Ф. Ѓ.