СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

СЕДУМНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Жељувино, Кумановско, почетокот на октомври – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од Кривопаланечкиот и Кратовскиот територијален НОПО и новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко, Кратовско и Светиниколско. Таа ја штитела слободната територија во Козјачијата и ги напаѓала комуникациите Крива Паланка-Куманово и СкопјеКуманово по кои се повлекувале германските сили. Наскоро влегла во составот на новоформираната Кумановска дивизија на НОВЈ (с. Жегњане, Кумановско, средината на октомври 1944) и продолжила со борбите против германските сили во Кумановско и балистичките сили во Прешевско, а потоа влегла во слободното Куманово (11. Ⅺ), заедно со други единици на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето на те и туфитите. Во групата клас-Цвеќе за борците на Седмата македонска (битолска) народноослободителна бригада Борбениот пат на ⅩⅤⅠⅠ МНОБ Македонија продолжила да дејствува против заостанатите балистички и четнички сили на Скопска Црна Гора, во Прешевско и Гњиланско. При реорганизацијата на единиците (декември 1944) влегла во составот на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941–1945. Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 183–187. С. Мл. шабан Сеиди