СЕДМА МАКЕДОНСКА

СЕДМА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА (с. Зборско на пл. Кожуф, Егејскиот дел на Макекдонија, 22. Ⅷ 1944 – мај 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од битолскиот НО баталјон „Стив Наумов“ од составот на Втората македонска НОУБ и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето преминала во Битолско, каде што ги напаѓала позициите на бугарските сили на просторот РесенБитола: граничните караули на пл. Кајмакчалан (2428. Ⅷ), во Преспа (5. Ⅸ), во реонот на селата Покрвеник, шурленац, Стење (6. Ⅸ), Подмочани (7. Ⅸ) и др. По капитулацијата на Бугарија, влегла во составот на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10. Ⅸ), водела непрекинати борби против германските сили на комуникацијата РесенБитола, учествувала во Ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско, ја ослободила Битола (4. Ⅺ) и учествувала во Ослободувањето на Кичево и Зајас (15.– 18. Ⅺ). По реорганизацијата на единиците (декември 1944), дел од борците влегле во состав на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ, а друг дел во Четириесет и втората (македонска) дивизија на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ. Истовремено, во составот на Седмата бригада влегла Четвртата шиптарска бригада, претежно со борци од албанска националност. Од овој период во литературата е позната и како Седма македонско-албанска бригада, а некогаш како Седма албанска бригада. Со Корпусот учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, во Ослободувањето на Славонска Пожега и Загреб. ЛИТ.: К(онстантин) П(оповски), Бригада на НОВ на Македонија, Секција за негување на традициите на НОВ и Револуцијата при РО СЗБНОВ на Македонија, „Вечер“, ЏЏВ, 7417, Скопје, 11. Ⅵ 1987, 5; Македонијаодустанкадослободе 1941–1945.(Зборникрадова),Београд,1987; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987. С. Мл.