СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ

„СВТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ“ – манастирска црква во с. Зрзе (Прилепско). Комплексот се состои од средишна еднокорабна црква со полуобличест свод, „Св. Преображение“, црквата „Св. Петар и Павле“, надворешна припрата на западната страна и градбата на црквата од јужната страна. Споменатите цркви што го сочинуваат комплексот потекнуваат од различни временски периоди. Најстарата, „Св. Преображение“, според зачуваниот натпис, била изградена со залагање и со средства на монахот Герман, во времето на владеењето на цар Душан (средината на ⅩⅣ в.). Подоцна, во времето на владеењето на крал Волкашин грижата за одржувањето на манастирот ја презеле внуците на монахот Герман, митрополитот Јован-Зограф и неговиот брат јеромонахот Макариј. Не можејќи да го издржуваат манастирот, по заземањето на овие краеви од страна на Османлиите (околу 1400 г.), браќата му го отстапиле манастирот на нивниот кмет Константин и на неговите синови (Јаков, Калојан и Димитар). Тие придонеле за повтор-Манастирската црква „Св. Преображение“, с. Зрзе, Прилепско (ⅩⅣ в.) Тогаш биле изработени и неколку големи престолни икони, дело на митрополитот Јован-Зограф и јеромонахот Макариј. Во првата половина на ⅩⅤⅠ в. биле преземени градежни работи за санирање на одредени оштетувања, при што повторно била живописана старата црква. Во ⅩⅤⅠⅠ в. од северната страна на црквата била доградена нова црква, посветена на св. Петар и Павле. Старата црква била живописана во 1369 г., со средствата на синовите на Хајко (Прибил и Приезд) и нивната мајка. Во литературата постои ставот дека зад имињата на Прибил и Приезд можеби се кријат спомнатите внуци на монахот Герман, митрополитот Јован-Зограф и неговиот брат јеромонахот Макариј. Икона: „Исус Христос спасител и животодавец“, работилница на зографот Митрополит Јован, црква „Св. Преображение“, с. Зрзе, Прилепско (ⅩⅣ в.)но заживување на манастирот. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 187–190. К.Б.