СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА

СВЕШТЕНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МАКЕДОНИЈА (31. ⅩⅠⅠ 1947) – основано во зградата на Митрополијата во Скопје, со учество на свештеници од цела Македонија. По основањето станало рамноправен член на Сојузот на свештеничките здруженија на православните свештеници на Југославија. Ја добило поддршката од сите свештеници и здруженија за создавање на Македонската православна црква, искажана и на Вториот црковнонароден собор во Охрид (1958). ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр.