СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА

СВЕШТЕНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Скопје, 8–10. Ⅴ 1946) – историски собир со учество на 128 свештеници од цела Македонија. Конференцијата донела Резолуција во која се барало Црквата во Македонија да има народни архијереи и свештенство и самоуправност во решавањето на сите внатрешни црковно-народни прашања, народните архијереи да ги избира народот и свештенството, да се работи на формирање на Православна црква на Југославија, во која ќе влезат сите цркви од републиките, врз рамноправни начела. ЛИТ.: Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972. Рат. Гр.