СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХОКЕЈ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХОКЕЈ – одржано во „А“-групата во Стокхолм (шведска), „Б“групата во Љубљана и „Ц“-групата во Скопје, со по 6 репрезентации (1969). Репрезентацијата на Југославија играла во „Б“-групата и го зазела третото место, односно деветтото во конечниот пласман. На лизгалиштето во Скопје, кое во таа година било пуштено во употреба, се натпреварувале репрезентациите на Бугарија, Данска, Јапонија, Унгарија, Холандија и швајцарија. Победила Репрезентацијата на Јапонија, така што се квалификувала во групата „Б“ за натпревари во наредната сезона. Д. С.