СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ (Скопје, 21–28. Ⅹ 2006) – прво поединечно Светско првенство во куглање, со учество на 47 куглари и 56 кугларки од 18 земји од светот. Македонската репрезентација настапила во состав: Борис Бенедик, Дамир Фучкар, Тодор Манев, Коста Манев, Менсур Ајдин, Данче Гиевска, Александра Николовска и Александар Анастасовски – тренер. Натпреварите се одвивале во конкуренција за поединци, двојки и комбинација, за мажи и жени. Најдобро пласиран од Македонија бил Борис Бенедик на петтото место поединечно. Д. С.