СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА–

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА– светски кошаркарски натпревар. Организатор на шестото светско првенство во кошарка била Југославија (1970). Натпреварите биле одржани по групи со по 4 репрезентации во Сараево, Сплит и Карловац (10– 13 мај). По две првопласирани екипи ја формирале „А“-групата, во која влегла и Југославија како домаќин. Тие ги продолжиле натпреварите во Љубљана, каде што Југославија го освоила првото место и станала светски првак. Другите екипи: Австралија, Канада, Кореја, Куба, Полска и Египет ја формирале „Б“-групата и се натпреварувале во Скопје (16–23 мај) за пласман од 8–14 место. Д. С.