СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ (Скопје, 1981) – спортска дисциплина. На Првенството учествувале репрезентации во борење слободен стил од 31 држава во светот со 160 борачи. Домаќин на Првенството бил Сојузот на боречките спортови на Македонија, кој се покажал како одличен организатор. Натпреварите биле одржани во халите на Скопското сајмиште. Репрезентацијата на Југославија била составена од македонските борачи. шабан Сеидиу освоил второ место, а другите се пласирале: Че-до Николовски на седмото, Абдула Мемети на осмото, Киро Ристов на деветтото, Коце Ефремов и Мирко Димчевски на десеттото место. Ф. Ѓ.