СВЕТОГОРСКИ МАНАСТИРИ

СВЕТОГОРСКИ МАНАСТИРИ – духовен православен центар на Св. Гора со 20 манастири и повеќе од сто скитови и ќелии. Легендарните извори сведочат дека манастирски храмови биле градени уште од Ⅳ в., кои во ранохристијанскиот период настрадале. Во периодот меѓу Ⅹ и ⅩⅤⅠⅠⅠ в. врз нивните урнатини биле изградени постојните 20 манастири. Великата Лавра „Св. Атанасиј“ ја основал монахот Атанасиј (963) исоставил монашки устав (Атанасиев типик), по кој се раководат сите светогорски манастири. Според легендата, манастирот „Ватопед“ бил изграден уште во 383 г., а бил обновен меѓу 972 и 980 г. Според Сводната грамота, Зографскиот манастир „Св. Ѓорѓи“ бил основан во 919 г. од тројцата браќа охриѓани Мојсеј, Арон и Јоан Селима. Иверскиот (Грузиски) манастир „Успение Богородично“ го основал монахот Јоан во 980 г. над урнатините на пагански храм од Манастирскиот комплекс Велика Лавра „Св. Атанасиј“, Света Гора Ⅲ–Ⅳ в. Хилендарскиот манастир „Воведение Богородично“ бил основан во 1199 г., а во српските извори се поврзува со дејноста на св. Сава. Манастирот Дохиар „Св. Архангел“ го основал Ефтимиј Византиски во Ⅹ в. Манастирот „Св. Пантелејмон“ бил изграден во првата четвртина на ⅩⅠⅩ в. како проширување на поранешниот манастир „Стар Русик“, авонего престојувале и до 3.000 монаси. Други светогорски манастири се: „Дионисиј“, „Кутлумуш“, „Пантократор“, „Ксиропотамо“, „Каракал“, „Филотеј“, „Симопетра“, „Павел“, „Ставроникита“, „Ксенофонт“, „Григориј“, „Есфигмен“ и „Костамонит“. Од сите 20 светогорски манастири денеска 17 се грчки, 3 се словенски: „Зограф“ (бугарски), „Пантелејмон“ (руски) и „Хилендар“ (српски). Речиси во сите манастири престојувале македонски монаси и книжевници. Во богатите манастирски библиотеки има ракописи со македонска провениенција и со македонска јазична редакција. ЛИТ.: Е. А. Мендиета, Моунт Атхос. Тхе гарден оф тхе Панагхиа, Берлин-Амстердам, 1972; Георги ТраŸчевÍ, Манастирит‹ вÍ Македония, София, 1933; Б. Милев-Огин и М. Берберов, Атон – легенда жива, София, 1981. И. Вел.