СВЕТИ ЃОРЃИ

СВЕТИ ЃОРЃИ“ – гробишна црква во с. Жегљане, во кумановскиот регион. Подигната е најверојатно при крајот на ⅩⅤⅠ или во почетокот на ⅩⅤⅠⅠ век. Ѕидовите на еднокорабниот наос, со припратата од западната страна, се расчленети со прислонети лакови. На источната фасада и на западниот забат е зачувана камена декоративна пластика, транзена во вид на перфорирана преплетна тантела, или плиткоделкани орнаменти, со човечки фигури во висок релјеф. ЛИТ.: Ј. Хаџи Васиљевиђ, Кумановска об-ласт, Јужна Стара Србија, Београд, 1909, 446–447; В. Р. Петковиђ, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950, 117. М. М.