СВЕТИ ЃОРЃИ

СВЕТИ ЃОРЃИ“ – монументална црква во Струга, во форма на базилика со сложена концепција на внатрешниот простор, којшто е поделен на травеи и припрата, а централниот кораб е расчленет и надвишен со три големи калоти. Денешната црква е изградена во 1835 г., резбаниот иконостас е до-вршен во 1847 г., а иконите се сликани во 1849/50 г. од зографот Димитрија, кој се потпишал на иконите на Св. Ѓорѓи и Св. Никола. Живописот е завршен во април 1874 г., во времето на Охридскиот митрополит Натанаил, и е дело на зографската тајфа на браќата Макариеви од Галичник. Од богатата програма на живописот се издвојуваат словенските светители групирани во композицијата на Седмочислениците и претставата на Св. Јован Владимир. С. Ц.