СВЕТИ ЃОРЃИ

СВЕТИ ЃОРЃИ“ – еднокорабна црква во с. Ѓузумелци, кај Свети Николе. Изградена е на старо култно место. Врз основа на опширниот ктиторски натпис што е проследен со стихови од Неделниот прокимен, црквата е подигната и живописана во 1584 г. Ктитор на живописот е спахијата Пројча со семејството, насликан на западниот ѕид со модел на црквата. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Ктиторски портрети во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизациите на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995, 209–226. М. М.