СВЕТИ ЃОРЃИ

СВЕТИ ЃОРЃИ“ – еднокорабна гробишна црква во с. Бањане, северозападно од Скопје. Според ктиторскиот натпис, изградена е и живописана во 1548/1549 г. Новодоѕиданиот трем и другиот слој живопис датираат од ⅩⅠⅩ век. Традиционалната тематско-иконографска програма од првата половина на ⅩⅤⅠ век, присуството на светителски ликови во благородничка облека и богатството Црквата „Св. Ѓорѓи“, с. Бањане, Скопско (1548/49) на орнаментални украси ја поврзуваат со костурските сликарски работилници. Освен заедничката претстава на српските светители Симеон и Сава, внимание привлекува претставата на Деисисот на северниот ѕид, со Христос Велик архијереј, Богородица Царица и Јован Крстител, кој ја држи својата пресечена глава во рацете, проследена со текст од првиот стих на 92-от псалм, најверојатно дело на славниот сликар Онуфриј Аргитис. ЛИТ.: К. Балабанов, А. Николовски, Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 59; Г. Суботиђ, Св. –орÚе у Бањанима, „ЗЛУ“, 21, Нови Сад, 1985, 135–160; Ц. Грозданов, Исус Христос Цар над царевите во живописот на Охридската архиепископија од ⅩⅤ–ⅩⅤⅠⅠ век, Прилози, МАНУ ЏЏЏ 1–2, Скопје, 1999, 37–38; Ц. Грозданов, Свети Симеон и Свети Сава у сликарској тематици у Македонији (ⅩⅣ–ⅩⅤⅠⅠ век), Зборник радова Стефан Немања – Свети Симеон Мироточиви; Историја и предање, Научни скупови Српске академије наука и уметности, ЏЦИВ, Одељење историских наука, 26, Београд, 2000, 334, црт. 7. М. М.