СВЕТИ ЃОРЃИ СКОРОПОСТИЖНИК

СВЕТИ ЃОРЃИ СКОРОПОСТИЖНИК“ – манастирска црква во Скопје. Според историски извори, се наоѓала на брдото „Виргин“, покрај р. Серава. Изградена е во првата половина на Ⅺ в. Како нејзини ктитори се спомнуваат Роман Ⅳ Диоген, но и многу други, кои во различни временски периоди владееле со градот Скопје. Црквата имала облик на впишан крст во правоаголен простор, со голема купола над централниот дел и четири помали куполи на четирите страни. Како манастирски комплекс, ограден со високи бедеми и заштитен со четири кули, постоел до крајот на ⅩⅤ в. Во првите три децении на ⅩⅤ в. до манастирската црква била изградена Султан-Муратовата џамија. Денеска манастирската црква не постои, останал само дел од манастирскиот бедем. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950, 298; К. Балабанов, Скопје Олд Базар, Скопје, 1994, 24-25. К. Б. Пештерната црква „Св. Еразмо“, Охрид (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.)