СВЕТИ ЃОРЃИЈА , Пресил

„СВЕТИ ЃОРЃИЈА“, Пресил – црква и некропола, на 21 км западно од Прилеп. Црквата е сместена југозападно над селото, на блага падина. Во 1961 г. се вршени археолошки истражувања. Притоа се најдени остатоци од црква од типот на впишан крст, веројатно од ⅩⅣ в. која лежи врз постари темели. Под подот на црквата и околу неа се ископани 21 гроб, оградени и покриени со камени плочи. Најдените материјали се датираат од средните векови до ⅩⅠⅩ в., до кога се вршело погребување на овој терен. ЛИТ.: Б. Бабиђ, Св. Ÿор—ија, Пресил, Прилеп, АР, 3, Београд, 1961, 152–153. Ел. М.