СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТИСКИ МАЧЕНИЦИ

„СВЕТИ ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТИСКИ МАЧЕНИЦИ.“ (с. Банско) – црква во урнатини со неколку раскопани гробови кои содржат прилози од средновековен накит. Локалитетот е сместен на североисточниот крај на селото Банско, 11 км југоисточно од Струмица, во северното подножје на Беласица. Со ископувањата (Д. Коцо, П. Миљковиќ-Пепек) е откриен редок архитектонски облик со остатоци од синтронос. Проучувањата и конзервацијата на иконостасот упатуваат на Ⅺ–ⅩⅠⅠ в. ЛИТ.: Д. Коцо – П. Миљковиќ-Пепек, Новооткриената црква на локалитетот „Св. Четириесет“ во с. Банско – Струмичко, Зборник на трудови, Струмица, 1989, 65–99. Ел. М.