СВЕТИ ТРИФУН

СВЕТИ ТРИФУН – христијански православен празник посветен на светиот маченик Трифун (14/1 февруари). Празникот е познат главно по обредното закројување на лозјата. Тој е земен за Фреска: „Св. Трифун“ во црквата „Св. Пантелејмон“, с. Нерези, Скопско (1164) покровител на меанџискиот еснаф, но е заштитник и на лозарите и градинарите. Се верувало дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и др.). На празникот рано наутро се одело в црква, каде што свештеникот вршел служба и светел вода. Со таа вода луѓето ги прскале лозјата и го изведувале обредното закројување. Свештеникот, по прочитувањето на молитвите, го попрскувал лозјето со осветена вода и закројувал три лози со благословот „Дај Боже бериќет“. Пресечените лози ги потурале со вино и со ракија. Во некои места било обичај луѓето да се тркалаат низ лозјата, според принципот на имитативната магија, за да се тркалаат и бочвите полни со вино. Во празникот се слеани повеќе претхристијански претстави. ЛИТ.: Сборникљ отљ бљлгарски народни умотворениџ, =астљ трета, отделљ И и Ⅱ, Бљлгарски оби=аи, обрџди, суевериџ и костЃми, книга Ⅶ. Сљбралљ и издава К. А. шапкарев, Софиџ, 1891; Српски народни обичаји у Ÿев—елиској кази, прикупио и описао Стефан Танови¢, учитељ, Београд, 1927; Зорка Делиниколова, Обичаи сврзани со поедини празници и неделни дни во Радовиш, „Гласник на Етнолошки музеј“, 1, Скопје, 1960. М. Кит.