СВЕТИ СПАС

СВЕТИ СПАС“ – гробишна црква од крајот на ⅩⅤⅠ или почетокот на ⅩⅤⅠⅠ в. во с. Довезенце, југоисточно од Куманово. Еднокорабниот наос кон запад продолжува во припрата, а долж целата јужна страна се протега затворен трем, со архиволтен премин кон припратата. Апсидата од надворешната страна е квадратна. Ѕидното сликарство е зачувано фрагментарно. Се наоѓа во делумно разурната состојба. М. М. Црквата „Св. Спас“, с. Праведник, Кавадаречко (1625)