СВЕТИ СПАС

СВЕТИ СПАС“ – црква во близина на с. Праведник (Кавадаречко). Градена од кршен камен, приделкани бигорни блокови за прозорците и за надвратниците и од малтер. Мала, еднокорабна црква, со полуобличест свод и полукружна апсида од надворешната страна. Според зачуваниот натпис, ктиторите поп Михаил, Павле, Пејо, Јован, Крсто, поп Кузман, Марко, Стојко и Цветко, со лични даренија и труд, ја изградиле црквата во 1625 г. Фрескоживописот, кој е делумно зачуван, е дело на непознат зограф со скромни можности. ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б. Црквата „Св. Спас“, Скопје