СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН

СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН“ (ПЛАОШНИК) во Охрид – манастирска црква што ја изградил Климент кон 893 г., во форма на триконхос врз остатоци на постара триконхална црква, која пак е изградена врз остатоци на старохристијанска базилика. Според пишувањето на охридскиот архиепископ Теофилакт, црквата се истакнувала со своите хармонични кружни форми со валчест план и била поубава од соборниот храм. Во времето на Климента црквата кон запад била доградена со крстообразен простор со четири столбови и најверојатно имала купола над централниот простор во која Климент, според неговиот биограф, со свои раце си го подготвил гробот, од десната страна на пронаосот. Со последните археолошки истражувања (извршени во 2000 г.) се констатирани сите фази на градбата на Светиклиментовиот храм од Ⅸ до ⅩⅣ в. Утврдено е дека крстообразниот дел на црквата бил обновен кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ или во почетокот на ⅩⅣ в. и преку трибелон е поврзан со нартекс. Северно и јужно од триконхосот биле доградени параклиси, а околу црквата се развиманастирската црква била срушена и врз нејзините ѕидови е изградена џамијата ,,Султан Мехмед“, позната како Имарет џамија. Возобновувањето на Светиклиментовата црква е извршено врз остатоците од оригиналните ѕидови следејќи ги сите градбени фази од Ⅸ до ⅩⅣ в., потпирајќи се и врз компарациските анализи на црквите што постоеле на територијата на Охридската архиепископија. Фрескоживописот, зачуван на ѕидовите, го потврдува постоењето на еден од најголемите ансамбли од врвен ликовен квалитет во охридската уметност од средниот век. Откриените делови на фигури во проодот на протезисот, иако делумно сочувани, го покажуваат најстариот за нас достапен слој од претпалеологовското време, секако насликан веројатно во Ⅺ–ⅩⅠⅠ в. Другиот слој околу олтарната преграда открива неколку композиции: Визијата на св. Петар Александриски, сочувана скоро во целост, со претставите на александрискиот светец и на грешниот Ариј. На чело на носечките столбови се остатоците од стоечките фигури на Исус Христос и Богородица Молителка свртена кон својот син, со свиток во рацете со познатиот дијалог во кој Мајката моли за милост кон оние што се огрешиле во Христовото учење. Во долниот дел на северниот ѕид од наосот, во тематски и идеен сооднос со овие ликови бил насликан св. Јован Претеча (Крстител), а до него еден архијереј, веројатно св. Климент. Судејќи според големите фрагменти откриени во наосот, тука се развивале циклусите на Големите празници и Христовите страдања, како и повеќе фигури на светци од долната зона. Речиси во целост се реконструирани историските портрети на кесарот Дука, насликан во цел раст до младиот починат син Димитриј, поставени над неговиот гроб во првата половина на ⅩⅣ в. и фрагментите во одделението, јужно од црквата, чија намена се поврзува со трпезаријата на манастирот. Особено значење за храмот има откривањето на портретот на св. Климент, којшто благословува меѓу кесарот Дука и син му Димитриј. Тоа е сигурна потврда дека ктиторот на црквата е св. Климент и дека народот ја чувствувал како светилиште што нему му е посветено. Празниците на св. Пантелејмон и св. Климент се одбележувале во ист ден. Сепак, во сите историски извори, што се сочувани од ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅣ в., црквата се спомнува како Светиклиментов храм. Колку голем бил угледот на манастирот покажува вал трем со камбанарија од западната страна. Пред крајот на ⅩⅤ в. Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ (Плаошник), ОхридОлтарот на црквата „Св. Пантелејмон“, со оригинална фреска на трибелонот (ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅣ в.), Охрид фактот дека повремено неговите игумени биле избирани за охридски архиепископи. Игумените на манастирот учествувале и во доградбите и живописувањето на други храмови во Охрид. Остатоците од живописот што настанале непосредно по 1300 г. и по ова време се од највисок ликовен квалитет; тие се дела на елитни зографи што биле ангажирани и за други црковни градби во Охрид. Откривањето на повеќе гробови во самиот храм, со бројни прилози, говорат дека тука се погребувани истакнати личности од црковниот и општествениот живот на градот и на Охридската архиепископија. Не случајно османлискиот удар во Охрид бил насочен токму кон овој манастир, светилник на христијанството, на писменоста, образованието и отпорот на туѓинската власт. ЛИТ.: Д. Коцо, Климентовиот манастир Св. Пантелејмон и раскопнините при Имарет во Охрид, „Зборник на Филозофскиот факултет“, 1, Скопје, 1948, 129–181; Ибид., Триконхалните цркви во Климентово време, Словенска писменост. 1050-годишнина на Климент Охридски, Охрид, 1966, 91–98; Ибид., Нови податоци за историјата на Климентовиот манастир, Св. Пантелејмон во Охрид, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, 19, Скопје, 1967, 245–255; Цв. Грозданов, Нови сознанија за живописот на Климентовата црква Свети Пантелејмон во Охрид, Предавања на Ⅸ семинар за македонски јазик, литература и култура, СкопјеОхрид, 9. Ⅷ – 25. Ⅷ 1976, 188–194; истиот, Плаошник: возобновената манастирска црква на Св. Климент и Пантелејмон, Охрид, 2003, 5–33. Цв. Гр. – Кр. Т.