СВЕТИ НИКОЛА , Варош

СВЕТИ НИКОЛА“, Варош – црква и некропола на средновековен Прилеп. Археолошките ископувања на локалитетот се вршени во црквата и јужно од неа (1958 и 1960). На западниот влез е откриен гроб со антропоморфен облик што припаѓал на некој од ктиторите. Гробовите од ⅩⅠⅠ–ⅩⅣ, па и ⅩⅤ в., по правило биле со алвеола. Меѓу накитот се среќаваат бронзени, бакарни, посребрени и сребрени прстени, обетки и наушници, мониста и стаклени белезици, датирани од средните векови, па с“ до ⅩⅠⅩ–ⅩⅩ в. Во гробовите се откриени монети, меѓу кои и византиски од ⅩⅠⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в., српски од доцниот среден век, венецијански и турски. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Материјалната култура на Македонските словени во светлината на археолошките истражувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 106–111. Ел. М.