СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ .(Битола, ок. 1420–1430 г. – Света Гора, 5. ⅩⅠⅠ 1500) – македонски светец и преподобен маченик. Се замонашил во Света Гора. Се сподвижувал со своите духовни водачи и учители старците Дионисиј и Филотеј. Настрадал од човечка завист, од демонски напади Свети Нектариј Битолски то тоа достоинствено го поднел и се издигнал до светец–преподобен маченик. Очистен со своите подвизи починал во Света Гора во малото манастирче „Св. Архангели“, наречено „Кофа“, каде што и денес му се наоѓаат моштите. ЛИТ.: ФиларетÍ ЧерниговскиŸ, Св3тÎе ÓжнÎхÍ славянÍ. СПБ., 1894; Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997. М. Г.