СВЕТИ КУЗМАН И ДАМЈАН

СВЕТИ КУЗМАН И ДАМЈАН – христијански православни празници во чест на светите Кузман и Дамјан, во народот познати како Свети Врачи (14/1 Ⅵ и 14/1 Ⅺ). Наречени се бесребреници или безмитни, затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни. На иконата светите врачи Кузман и Дамјан се претставени заедно, со крстови во рацете или со кутивче со лекови и со лажиче со кое на болните бесплатно им давале од лековите. Есенскиот празник повеќе се празнува и е поврзан со домашни служби. Во народниот жи-Иконата „Св. Кузман и Св Дамјан“, Охрид (ⅩⅤⅠ в.) се занимаваат со народна медицина, лекување со билки, баење и сл. ЛИТ.: Марко Китевски, Македонски празници, Скопје, 2001. М. Кит. „СВЕТИ ЛЕОНТИЈ“ & манастирски комплекс цркви во с. Водоча (Струмичко). Куполната базилика била изградена врз делови од темелите на најстариот објект изграден во Ⅶ–Ⅸ в. Во Ⅹ в., во времето на владеењето на цар Самуил, дел од куполната базилика бил обновен. Западната куполна црква посветена на Богородица Елеуса – Воведение била изградена во периодот 1018 – 1037 г. Средната куполна црква била изградена кон крајот на Ⅺ и почетокот на ⅩⅠⅠ в. Во ⅩⅠⅠ в. кон западната куполна црква бил дограден јужниот параклис, а во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. кон средната куполна црква бил дограден и јужниот вестибил. Во ⅩⅠⅠ–ⅩⅣ в. кон западната куполна црква бил дограден и западниот анекс, а во ⅩⅣ–ⅩⅤ в. бил дограден или обновен и постариот североисточен анекс. Се смета дека тогаш бил изграден и отворениот трем на јужната страна од комплексот храмови. Објектите што го сочинуваат манастирскиот комплекс од времето кога бил изграден првиот објект, како и оние што биле изградени подоцна, биле фрескоживописани, но до денес е зачуван само мал дел од нив. Најзначајни се претставите на двајцата ѓакони: св. Исавриј и св. Евплос, за кои врз основа на стилските карактеристики се претпоставува дека потекнуваат од Ⅺ в., со аналогии на фрескоживописот на „Св. Софија“ во Охрид. Комплексот храмови е целосно конзервиран и реставриран. ЛИТ.: П. Миљковиќ-Пепек, Водоча, Скопје, 1975. К. Б.