СВЕТИ ИЛИЈА

СВЕТИ ИЛИЈА – средновековно утврдување. Го подигнал византискиот император Василиј Ⅱ, по освојувањето на Воден (1015), во теснините западно од овој град. Било подигнато за да се зајакне одбраната на Воден со контрола на теснецот. Тврдината му била посветена на светителот, што се славел во целата држава.
ЛИТ.: Иоаннис Сцѕлитзае, Сѕнопсис Хисториарум, рец. И. Тхурн, Берлин, 1973. К. Аџ.