СВЕТИ ЕРАЗМО

СВЕТИ ЕРАЗМО“ – пештерна црква на патот од Охрид за Струга. Сместена е во една тесна соѕидана вдлабнатина на стрмната карпа, веднаш над ранохристијанската базилика. Фрескоживописот во црквата е сликан во неколку фази, најстариот датира од последните децении на ⅩⅤⅠⅠⅠ век и нему му припаѓа монументалната фигура на византискиот цар и допојасната претстава на патронот на црквата св. Еразмо. На подоцнешната фаза припаѓаат фреските на Богородица и Службата на архијереите од олтарот, како и претставите на светите воини, светите Константин и Елена, св. Марена и архангелот во наосот на црквата. ЛИТ.: Цветан Грозданов, Портрети на светителите од Македонија од Ⅸ–ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1983, 139–143; Петар Миљковиќ-Пепек, Свети Еразмо, пештерна црква крај Охрид, Скопје, 1994, 9–15. С. Ц.