СВЕТИ ЕРАЗМО

СВЕТИ ЕРАЗМО („303) – општохристијански светец и прв проповедник на христијанството во Лихнидос (Охрид), каде што предизвикал светителско чудо со воскреснувањето на синот на охриѓанецот Анастас, когошто го покрстил. Неговиот култ бил проширен во Охрид и пред доаѓањето на Словените, а ранохристијанската базилика во тој крај на извесен начин покрива свето место во тесна врска со култот на маченикот. ЛИТ.: Д. Глумац, Свети Еразмо, „Весник на Македонската православна црква“, 3, Скопје, мај-јуни 1979, 83-84; Ц. Грозданов, Портрети на светителите во Македонија од Ⅸ до ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1983, 138-145; Х. Мелоски, Две житија на свети Еразмо Лихнидиски, Лихнид. Зборник на трудови, број 6, Охрид, 1988, 69-87. И. Вел.