СВЕТИ ЕРАЗМО

СВЕТИ ЕРАЗМООХРИД – комплексен локалитет, каде што се наоѓа и ранохристијанска базилика, опколена и натслоена со гробови. Локацијата се наоѓа покрај трасата на Виа Егнатиа на петтиот километар западно од Охрид на патот кон Струга. Ископувањата на монументалната базилика (53 × 25 м) и на 124 гробови ги извршил В. Маленко (1974–1975). Над урнатините на базиликата и околу неа се протега средновековна некропола со хоризонтална стратиграфија во 2 стратума. Постариот припаѓа на културата Комани-Круе. Овие гробови се лоцирани во централниот и северниот брод на базиликата и се ориентирани с–сј; си–јз и сз–ји и мошне се богати со гробни наоди. Помладите гробови се сместени во јужниот кораб и јужно од базиликата, ориентирани се з–и, поредени во редови со ретки наоди (без сомнение се христијански) и содржат вообичаени примероци на средновековен накит од Џ–ⅩⅠⅠ в. Гробовите од Комани-Круе културата од Ⅶ до почетокот на Ⅸ в. поседуваат керамички садови, алатки, оружје и карактеристичен накит: бронзени и железни лачни фибули со подвиена нога, плочести фибули, приврзоци за појас (меѓу кои и секундарно употребен дел од лачна прстеста словенска фибула), бронзени и позлатени обетки и наушници, метални торквеси со и без прапорчиња, ѓердани од стаклена паста, метални токи за појас, прстени итн. ЛИТ.: В. Маленко, Раносредновековната материјална култура на Охрид и Охридско, Охрид и Охридско низ историјата, ИНИ, И, Скопје, 1985; Е. Манева, Ла томбе 23 де Саинте-Ерасме – Охрид, Хомаге то Милутин Гарасанин, Београд, 2006, 607–616. Ел. М. императорите Роман Ⅲ Аргир и Ранохристијанска базилика, локалитет Свети Еразмо, Охрид (В–Ⅵ в.)