СВЕТИ ДИМИТРИЈА

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – еднокорабна, гробишна црква во с. Требино, северно од Македонски Брод. Врз основа на ктиторскиот натпис, изградена е и живописана во 1644 г. Идејно-тематската содржина на сликаната програма не излегува од рамките на традиционалните, поствизантиски стилски разбирања. Меѓу архијерејските ликови во олтарот е вклучено допојасјето на српскиот светител Сава (Немањиќ). ЛИТ.: Ф. Месеснел, Извештај о проучавању Јужне Србије на терену, Св. Димитрије у Требину, „Гласник Скопског научног друштва“, Београд, 1934, 174–175. М. М.