СВЕТИ ДИМИТРИЈА

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – трикорабна базилика, со рамна таваница, изградена во 1830 г. во центарот на Битола. Два реда колони од столбови ги делат корабите. Над страничните кораби се наоѓаат галерии со мали параклиси. Иконостасот е работен во длабока резба и го затвора олтарниот дел на јужниот параклис, работен во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Според предание, тој бил пренесен од црквата во с. Магарево во ⅩⅠⅩ в. Големиот иконостас на црквата, изработен веднаш по изградбата, бил работен во плитка резба, а подоцна гипсиран и позлатен. Нема посигурни податоци за тоа која копаничарска тајфа го работела. ЛИТ.: К.Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б.