СВЕТИ ДИМИТРИЈА

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – манастирска црква во Велес. Ѕидана од делкан камен и од тули. Еднокорабна, со тристрана апсида од надворешната страна. На западната страна има нартекс над кој се издига кула – камбанарија. Нема зачуван фрескоживопис. Врз основа на стилските карактеристики на архитектурата, црквата е тешки оштетувања, била разурната и целосно затрупана. Дури во 1855 г., со заземање на свештеникот Петар Здравев, таа била откопана и обновена. Во обновата на сликаријата учествувал велешкиот зограф Хаџи Косте (зограф и фотограф). ЛИТ.: –. Бошкови¢, Манастир „Св. Димитрија“ крај Велеса, „Старинар“, Ⅶ, 1932, 103; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б.