СВЕТИ ДИМИТРИЈА

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ – еднокорабна црква до влезот во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ и некогашен нејзин параклис. Пишани податоци за црквата нема, но според тематско-стилските карактеристики на живописот, црквата се датира во седумдесеттите години на ⅩⅣ в. Фрескоживописот е наполно сочуван и конципиран на тематските начела на декорирање на малите охридски еднокорабни цркви, иако стилски не припаѓа во нивниот ликовен круг и нема аналогии во другите охридски цркви од овој период. Во олтарниот прос-тор, првобитниот фрескоживопис е пропаднат и кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. повторно е насликан во духот на доцновизантиското сликарство на корчанско-москополските работилници. ЛИТ.: Воислав Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 90; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 156–157. С. Ц.