СВЕТИ ДИМИТРИЈА , Варош

СВЕТИ ДИМИТРИЈА“, Варош (Прилеп)2 – населбински комплекс, црква и некропола. Ископувањата се вршени во 1965, 1968 и 1969 г. на просторот на црквата и околу неа. При тоа се најдени основи од куќи и придружни објекти од втората половина на Ⅺ и почетокот на ⅩⅠⅠ в., а потоа и населба со ѕидани куќи и јами датирани со монети од Јован И Комнин (1118–1143) и Манојло И Комнин (1143–1180). Ископани се 55 гробови. Меѓу накитот се најдени: обетки, прстени, белезици и токи. Горната временска граница на погребување допира до ⅩⅠⅩ и почетоците на ⅩⅩ в. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките ископувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 118–132. Ел. М.