СВЕТИ АХИЛ

СВЕТИ АХИЛ“ – црква на Малото Преспанско Езеро (сега во Република Грција). Црквата е подигната од македонскиот цар Самуил (986–990), кој таму ги пренел моштите на Св. Ахил Лариски по освојувањето на Лариса (985). Тука била престолнината на државата (973–996) и седиштето на тогашната патријаршија, до нивното префрлање во Охрид. Подоцна тука бил погребан и ца-рот Самуил. ЛИТ.: Николас Ц. Моутсопоулис, Ле томбеау ду тсар Самуил данс ла басилиљуе де Саинт Ацхилле á Преспа, ”Етидес балканиљуес”, Но 3, Софиа, 1984, 114-126; Томо Томоски, Од Преспа до Ахил – развојниот пат на еден топоним, Зборник посветен на Бошко Бабиќ, Прилеп, 1986, 223-226. С. Мл.