СВЕТИ АТАНАСИЈ

СВЕТИ АТАНАСИЈ“ – црква во с. Лешок (Тетовско). Од основа ја подигнал првиот долнополошки епископ Јоаникиј, додека бил јеромонах Антониј (1348-1355). Ја обновил полошкиот епископ Никанор. Подоцна, околу 1698 г., таа била сосема напуштена. Во 1818 г. во црквата посветена на Богородица во манастирот Лешок доаѓа од Света Гора јеромонахот Кирил Пејчиновиќ, кој го обновува монашкиот живот во овој регион. Долго време била во урнатини и затрупана, а била откопана во 1927 г. Градена е со камен, делкан бигор и со тули. Архитектонскиот облик во основата е слободен крст, со купола подигната на четири пиластри. На западната страна е додаден нартекс, кој е поширок од наосот. Над нартексот се наоѓала камбанаријата. Од некогашниот иконостас се зачувани мермерните столпчиња со капители, украсени со човечки и со животински глави. Во црквата е откриен мермерен саркофаг, во кој бил погребан ктиторот на црквата. ЛИТ.: Р. Груји¢, Скопска митрополија, 1935; истиот, Полошко–Тетовска епархија и манастир Лешок, „Гласник скопског научног друштва“, ⅩⅠⅠ; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950. К. Б. ЛИТ.: Уставот на МПЦ, 1958; 1994; Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Обновената црква „Св. Атанасиј“, с. Лешок, Тетовско (по минирањето од ОНА во 2001) „СВЕТИ АХИЛ“ С