СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ

СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ“ – манастирска црква во с. Журче (Крушевско). Градена од кршен камен и од малтер (1617). Еднокорабна црква со правоаголна основа, со полукружен свод и широка апсида и со отворен трем со калота што лежи на четири столба. Во времето на ѕидањето на црквата игумен на манастирот бил јеромонахот Јоасав, а средствата за градење ги обезбедил Петко В’лков од Битола. Според зачуваниот натпис во тремот, во 1622 г. (во времето на јеромонахот Венетик) црквата била обновена со средствата на повеќе дарители. Фрескоживописот во црквата има просечни ликовни вредности, а по својот квалитет и по иконографијата на насликаните ликови се издвојува оној во отворениот трем (насликан во 1622 г.), каде што се претставени македонските „пустиножители“ Прохор Пчински, Јоаким Сарандопорски, Гаврил Лесновски и Јован Рилски, а од композициите посебно внимание привлекуваат илустрациите на месеците со најкарактеристичните работи што се изведуваат во тој временски период. Старите конаци во манастирскиот комплекс биле урнати во 1895 г., а подоцна на нивно место биле изградени нови. Се смета дека празничните икони на иконостасот се дело на непознатиот зограф што го работел фрескоживописот во тремот на црквата. ЛИТ.: Мирјана ´орови¢-Љубинкови¢, Две цркве ⅩⅤⅠⅠ-ог века у Крушевском срезу, „Гласник Скопског научног друштва“, ⅩⅩⅠ, Скопље, 1940; В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950. К. Б.