СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ

СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ“ – манастирска црква меѓу селата Житоше и Локвени, северозападно од Прилеп. Целосно е разурната, а ѕидните слики се дислоцирани во Крушево (во црквата „Св. Троица“). Според ктиторскиот натпис, подигната е и живописана во „нужно време и мор: велики“ (1627). Сликарството е суво и без моделација. Фигурите се издолжени, а колоритот е згаснат. ЛИТ.: М. М. Машниќ, Далеку од очите далеку од грижата, „Нова Македонија“ (ЛИК), 27. ⅩⅠⅠ 1991, 10. М. М.