СВЕТИ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД на Македонската православна црква

СВЕТИ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД на Македонската православна црква – врховната власт за сите црковно-духовни и канонски прашања. Се раководи од канонското учење, прописите на Светата православна црква, Уставот на МПЦ и другите прописи. Синодот функционира во два состава: а) пленарен (полн), и б) работен (постојан) состав. Пленарниот го сочинуваат: архиепископот – претседател, и сите епархиски и викарни архијереи – членови. Во отсуство на архиепископот, на седниците претседава најстариот по хиротонија епархиски архијереј. Во пленарен состав одржува редовни заседанија двапати го-дишно (мај и октомври), а, по потреба, и на вонредни заседанија. За седниците се води посебен записник и го потпишуваат сите членови што учествувале. Работниот состав го сочинуваат архиепископот и два члена од епархиските архијереи. Членовите се со мандат од две години. Синодот во работен состав ја надгледува работата на извршните тела и органи на архиепископската и епархиската управа. Охридски и Македонски, Скопје, 1994; истиот, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр.