СВЕТИ АРХАНГЕЛ

„СВЕТИ АРХАНГЕЛ“ – манастирска црква над с. Варош (Прилеп). Повеќепати обновувана. Во науката долго се полемизирало околу тоа кој нејзин дел (западниот или источниот) бил првобитен. Последните истражувања пока-Манастирската црква „Св. Архангел“, с. Варош жале дека при едно обновување кон источниот дел бил дограден западниот, над кој се извишувала купола. На западната страна од црквата бил изграден отворен трем што се потпира на камени столбови. На еден од столбовите е врежан натпис со кирилски букви, во кој се спомнува смртта на епископот Андреја, кој починал во 996 г. Ѕидовите на продолжениот западен дел од црквата се украсени со фрескоживопис, дело на непознат зограф. Меѓу подобро зачуваните композиции се: циклусите на Христовите страдања, Тајната вечера, Христос пред Пи-лат, Распјатието Христово, Гостољубието Аврамово, Чудото во Хона и ктиторската композиција од првата зона, каде што е насликан ктиторот, великиот хертулариј Јован. По ликовната вредност, зачуваниот фрескоживопис спаѓа во редот на најрепрезентативните дела на средновековното сликарство во Македонија. ЛИТ.: В. Петкови¢, Преглед црквених споменика кроз повесницу српског народа, Београд, 1950; Љ. Лапе, Одбрани четива за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1951; В. Ј. –ури¢, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Б. Бана во Македонија (1938). Лоцирабиќ, Културно богатство на Прилеп од на е на излезот на реката Треска Ⅴ до ⅩⅠⅩ в., Белград, 1976. К. Б. Браната „Свети Андреја“ на Треска, Скопско