СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“ – пештерна црква, десетина километри југозападно од Струга над селото Радожда. Издлабена е во карпа со неправилна издолжена форма во правец север-југ, има наос и припрата, а од источната страна е затворена со ѕид од камен и од тули. Црквата е целосно живописана со фрескосликарство од два различни периода. Постарото сликарство од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅣ в., досега е откриено само на западниот и делумно на северниот ѕид од припратата и нему му припаѓаат монументалната композиција на Чудото во Хона, како и претставите на св. Петка, св. Јо-ван Каливит и на св. Климент на северниот ѕид. Помладиот фрескоживопис датира од последните години на ⅩⅣ в. и по својот тематски обем претставува најголема фреско целина меѓу пештерните цркви околу Охридското Езеро. Во највисоката зона на наосот е насликан Христос и старозаветните пророци, подолу е циклусот на Големите празници што продолжува во припратата и е проширен со сцени од Христовите маки и страдања, како и неколку сцени од циклусот на Богородица. Во зона на стоечки светци се насликани светите воини, монасите, светите жени маченички и Деизисот. На полуобличестиот свод во припратата се насликани медалјони со претстави на Христос во повеќе обличја. Од некогашното фасадно сликарство е зачувана единствено фигурата на архангелот Михаил во лунетата и остатоци од ктиторска композиција. ЛИТ.: Гојко Суботиђ, Пеђинска црква АрханÚела Михаила код Струге, „Зборник Филозофског факултета“, Ⅷ, Београд, 1964, 299-331; Цветан Грозданов, Ѕидното сликарство и иконописот во Струшкиот крај, Струга и Струшко, Струга, 1970, 336337; Војислав Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974, 17. Цв. Гр. Црквата „Св. Архангел Михаил и Пустиножителот Гаврил Лесновски“, с. Лесново (ⅩⅣ в.)