СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ

СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“ – манастирска црква изградена во 1818 г. во Берово. Градена е од кршен камен и од малтер. Во својата основа е трикорабна базилика, со богато украсени дрвени тавани. Манастирот е ограден со висок ѕид од кршен камен. Во внатрешниот простор на манастирот се наоѓаат конаци со впечатливи облици на старата градска архитектура. На дрвениот иконостас има икони од првите децении на ⅩⅠⅩ в. ЛИТ.: К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980. К. Б.