СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И ПУСТИНОЖИТЕЛОТ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ И ПУСТИНОЖИТЕЛОТ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ“ – црква во с. Лесново (Злетовско). Во 1341 г. очувот на цар Душан, последниот моќен деспот Јован Оливер, дал средства за да се изгради оваа црква на темелите на постара црква што постоела уште во времето на пустиножителот Гаврил Лесновски (Ⅺ-ⅩⅠⅠ в.), чиишто мошти ед-но време биле закопани во оваа црква, а подоцна биле пренесени во Бугарија, во трновската црква „Св. Апостоли“. Изградена е од делкан камен и од редови тули, со богато расчленети фасади украсени со слепи аркади. До 1347 г. овој манастир имал степен на игуменија, а потоа бил издигнат на степен на епископија и одреден како седиште на новооснованата Злетовска епископија. Основата на црквата има форма на рамнокрак крст, впишан во правоаголен простор. Куполата е издигната врз четири силни столбови со правоаголен пресек. Олтарната апсида однадвор е шестострана. Нартексот на црквата е изграден Пештерската црква „Св. Архангел Михаил“, Радожда, Струшко, (ⅩⅤⅠⅠⅠ-ⅩⅣ в.) „СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ С во 1349 г. и има купола изградена по примерот на куполата на црквата. Внатрешноста е живописана со фрескоживопис, на кој работела зографска тајфа предводена од еден главен мајстор и неколку негови соработници. Творештвото на главниот мајстор, кое многу јасно се издвојува од она на соработниците, се одликува со вонредно прецизен цртеж и со богат колорит. Облеката на фигурите што ги слика е украсена со вешто изведени орнаменти. Меѓу ликовите и композициите насликани со негова рака посебно се истакнуваат: портретот на ктиторот деспот Јован Оливер и композициите поврзани со Архангел Михаил, особено композицијата Архангел Михаил го спасува Цариград од Сарацените. Композициите на другите сликари се распознаваат по цртежот и по колоритот, кој по својот интензитет далеку заостанува зад делото на главниот мајстор. Живописот во нартексот, работен во 1349 г., според својата иконографија зазема значајно место во средновековната уметност во Македонија. Посебно се значајни илустрациите на Псалмите Давидови. На северниот ѕид од нартексот се наоѓаат портретите на цар Душан, царицата Елена, ктиторот Јован Оливер и неговата сопруга Оливерина. Во овој простор се насликани и злетовските епископи. Во храмот се зачувани и неколку значајни икони работени на дрвена подлога. Во ⅩⅠⅩ в. бил отстранет стариот иконостас, изработен од мермерни столбови, и на негово место бил поставен копаничарски изработениот иконостас, дело на копаничарската тајфа предводена од Пе„Св. Димитриј“, фреска во Лесновскиот манастир (1341) тре Филиповски од с. Гари. Иконостасот бил завршен и поставен во 1814 г. Околу црквата се наоѓаат објектите на манастирските конаци, повеќепати обновувани. ЛИТ.: ™. Бошкови¢, Лесново, „Старинар“, Ⅶ (1932), 88-95; В. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; К. Балабанов – А. Николовски – Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980; К. Балабанов, Фреске и иконе у Македонији, Београд–Загреб–Мостар, 1983. К. Б.