СВЕТИ АРХАНГЕЛИ

СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ („Архангел Михаил“) – еднокорабна, гробишна црква од ⅩⅤⅠⅠ в., во с. Бенче во Порече, североисточно од Кичево. Градена е од кршен камен и од глина. Ѕидното сликарство се карактеризира со сигурен цртеж, смирен колорит и изразита смисла за моделација, постигната со помош на темна сепија и на зелените сенки. Во црквата е пронајдено ракописно „148-ми псалм Давидов“, фреска во Лесновскиот манастир (1349) Четвороевангелие (ⅩⅤⅠ), т.н. Бенчевско евангелие, со исклучително вредни илуминации на евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован Богослов (се чува во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје). ЛИТ.: П. Јовановиђ, Порече. Насеља и порекло становништва, СКА/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 330. М. М.