СВЕТИ АРХАНГЕЛИ

СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ – еднокорабна, гробишна црква во с. Коњух, југоисточно од Куманово. Кај домашното население позната како „Св. Ѓорѓи“. Од западната страна има доѕидана припрата. Денес е во запуштена состојба. Врз основа на опусот на ѕидаријата и остатоците од живописот се датира широко од ⅩⅣ до ⅩⅤⅠ в. ЛИТ.: С. Радојчиђ, Црква у Коњуху, Одбрани чланци и студије, 1933–1978, Београд, 1982, 25–27. М. М.