СВЕТИ АРХАНГЕЛИ

СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ („Архангел Гаврил“) – еднокорабна, гробишна црква во с. Ореоец (Ореовец) кај Македонски Брод. Изградена е и целосно живописана во третата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в. Во вообичаената сликана програма привлекува внимание претставата на риба како евхаристичен симбол, во цоклето на олтарот и допојасјето на Св. Сава (Српски) во фризот на маченици. ЛИТ.: З. Расолкоска–Николовска, Еден редок иконографски елемент во сликарството на третата деценија од ⅩⅤⅠⅠ век, „Музеј на Македонија, Зборник– Средновековна уметност“ н. с., 1, Скопје 1993, 125, 128. М. М.