СВЕТИ АНДРЕЈА

СВЕТИ АНДРЕЈА“ – манастирска црква во клисурата на р. Треска, на брегот на езерото Матка (Скопско). По својот облик претставува комбинација на издолжен триконхос (однатре) и слободен крст (однадвор). Градена е од кршен камен, делкан камен, тули и малтер. Врз основа на зачуваните три натписи над западната врата над нишата, јужно од олтарната апсида и северно од апсидата, се дознава дека средствата потребни за изградбата и за живописувањето на црквата ги дал Андрејаш, вториот син на кралот Волкашин, во 1388–89 г. Игумен на манастирот бил Калест Кирил, а зографи митрополитот Јован Зограф и „СВЕТИ АРХАНГЕЛ“ С Манастирската црква „Св. Андреја“, Матка, Скопско (ⅩⅣ в.) монахот Григориј. Сликарството на митрополит Јован Зограф се одликува со нагласена волуменозност и со жив колорит. Во 1559–60 г. од западната страна на црквата била доградена припрата со правоаголна форма. Фрескоживописот зачуван во припратата е дело на зограф што добро го совладал зографскиот занает. ков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 40-43; К. Балабанов, Фреске и иконе у Македонији, Београд – Загреб – Мостар, 1983, 148. К. Б.