СВЕТИЕВ, Владимир

СВЕТИЕВ, Владимир (с. Светомитрани, Прилеп, 14. Ⅶ 1945) – актер. Дипломирал на Академијата за театарска уметност во Загреб на Одделот за актерска игра (1971). Член е на Драмата на МНТ (1971-1992). Истата година станува член на Театарот на Ромите „Пралипе“, со кој работи во Милхајм, Германија. Од 1994 г. повторно се враќа на работа во Драмата на МНТ. Улоги: Лука („Пелиново“), Лудиот („Дневникот на лудиот“), Пере Тошев („Житољуб“), Баал, Ричард Ⅲ (во истоимените дела), Перо („Црна дупка“), Доне („Рамна земја“), Мето („Глоговиот џбун“), Игњат Глембај („Господа Глембаеви“) и др. Р. Ст. Тодор Светиев